Левица: ДКСК да испита како Стево Крстевски енормно го зголемил имотот додека е директор
Левица ја повика Државната комисија за спречување на корупција да испита како директорот на Фондот за здравствено осигурување Стево Крстевски, како што велат од партијата, го зголемил имотот енормно за време додека е функционер поставен од актуелната власт.
„Директорот на ФЗОМ од редовите на СДСМ, Стево Крстевски, согласно неговиот јавно објавен анкетен лист поседува личен имот, кој вклучува станови, удели, депозити, куќа и тоа во вкупна вредност од околу 16 милиони денари, несметајќи го и дополнителниот имот на неговиот брачен другар, кој исто така воопшто не е за потценување. Најголем дел од имотот е стекнат за време на владеењето токму на СДСМ.
Гледајќи ја вкупната сума на имотот кој тој го поседува, легитимно е да се постави прашањето на кој начин истиот ги стекнал средствата за купување на овие недвижности, како и дали во тие средства се вклучени и финансии кои Стевчо Крстевски ги стекнал преку вршење на договорени услуги кон државата?!
Дополнително, вредноста на објавениот имот, по сите економски параметри, не може да биде стекната само од државната плата која Стево Крстевски ја добива како директор. За споредба, на обичниот работник кој заработува минимална плата му требаат скоро 90 години за да успее да го заработи ваквиот имот“, се вели во соопштението на Левица.
Оваа политичка партија додава дека Крстевски „противзаконски и насилнички, деградира од работни места роднини на истакнати членови на Левица“.
Слично
