Економија, финансии, бизнис

Контакт

Левица: Да се ослободат од работа и родителите на деца кои не посетуваат градинка

Левица: Да се ослободат од работа и родителите на деца кои не посетуваат градинка

Партијата Левица испрати допис до Владата и до Министрерството за труд и социјална политика со кој бара од работа да биде ослободен барем еден родител чие дете не посетува градинка

-Откако добивме повеќе пријави дека родители со деца под 10 годишна
возраст (кои не посетуваат градинка) не можат да бидат ослободени од
работни активности, денес поднесовме официјално Барање до Владата и
Министерството за труд и социјална политика. Преку нашиот допис побаравме дополнување и изменување на мерката усвоена
на XVI-та седница на Влада, односно мерката за ослободување да опфаќа и
еден од родителите чиишто деца се малолетни до 10 годишна возраст, но не
посетуваат никаква образовна установа. За овие родители, услов за
користење на мерката е доставување на извод од родените на своето дете.
Овој заклучок се однесува и на самохраните родители, велат од Левица.

Оттаму додаваат дека претходно дефинираната мерка е ограничувачка и го отежнува функционирањето на родителите во вонредна ситуација кога образовните институции се затворени, и апелираат надлежните институции што побрзо да ја отстранат воочената неправилност.


Слично

Поврзани вести