Економија, финансии, бизнис

Контакт

Левица бара мислење од Венецијанска комисија за етничката припадност во личните карти

Левица бара мислење од Венецијанска комисија за етничката припадност во личните карти

Левица побараа мислење од Венецијанската комисија за етничката припадност во личните карти. 

Пратениците  Димитар Апасиев и Борислав Крмов, испратија писмо до претседателот на Венецијанската комисија, Џани Букикио, во кое се бара правно мислење околу проблематичното прашање за планираното впишување на податоци за „етничка припадност“ во личните карти на македонските граѓани. Ова советодавно тело на Советот на Европа е составено од независни и угледни експерти по уставно право, па поради ова, Левица бара стручно мислење од овие експерти, за овој важен проблем.

„Поконкретно, би Ве замолиле, до Вашите членови да ги проследите најновите измени на Законот за лична карта, кои се во легислативна процедура во македонското Собрание по скратена постапка (а кои Ви ги доставуваме во прилог), и да се произнесете за истите – особено од аспект на нивната усогласеност или неусогласеност со европската пракса и со легислативата на земјите-членки на Советот на Европа, како и во светло на компаративните искуства од други држави“, стои во барањето.

Во Европа овие теми за верска и национална припадност се забранува да стојат во лични карти. БЕСА бараше во личните карти да стои националноста, а ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не беа против ова. 

Слично

Поврзани вести