Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕВИЦА БАРА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ЗА СПОМЕНИКОТ НА УЧК - велат дека такви споменици се прават за луѓе од исклучително значење, а не за амнестирани терористи

ЛЕВИЦА БАРА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ЗА СПОМЕНИКОТ НА УЧК - велат дека такви споменици се прават за луѓе од исклучително значење, а не за амнестирани терористи

Правниот тим на политичката партија Левица поднесе Иницијатива за вршење вонреден инспекциски надзор до Министерството за култура, против Општина Липково, а со цел утврдување на законитоста на постапката околу подигнувањето на контроверзниот споменик во с. Слупчане.

„Имено, сметаме дека подигнатиот меморијален споменик, во чест на борците на УЧК/ОНА, со намера трајно зачувување на спомените на овие личности, не ги исполнува клучните формално-правни и материјално-правни претпоставки кои, мора да бидат исполнети за еден споменик да се смета за меморијален и истиот како таков да може да биде подигнат.

Согласно добиените информации, сметаме дека, комплетната постапка околу подигањето на предметниот контроверзен споменик во с. Слупчане е незаконска и истата не ги исполнува следниве претпоставки:

не содржи иницијатива од овластен предлагач;

Собранието на РМ не донело програма за таа намена;

Не е донесена собраниска одлука во таа насока и

Собранието на РМ, нема именувано Одбор кој подоцна треба да го спороведе конкурсот за изработка на идеен проект за подигање на меморијален споменик“, се вели во соопштението од Левица.

Според нив, настаните и личностите што се одбележуваат со меморијален споменик треба да се од исклучително значење за развојот на државноста на Република Македонија и за нејзиниот државно-правен континуитет и да се вградени во историскиот развој на државата. 
„Спорниот споменик се однесува на одбележување на личности кои се со Закон за амнестија (2002 година) амнестирани криминалци и терористи.

Поради тоа бараме, министерството да ги преземе сите законски дејствија и по утврдената фактичка состојба, да донесе соодветни управни акти со што би санкционирали и спречиле понатамошни непочитувања и постапувања спротивни на Законот за меморијални споменици и спомен обележја“, вели во соопштението до јавноста партијата на Димитар Апасиев.

Слично

Поврзани вести