Левица: Kуртовски од СДС оттуѓува земјиште во Mаврово за потребите на ИВЗ
Според Левица, градоначалникот на Маврово - Ростуше, Медат Kуртовски од СДС оттуѓува земјиште во Mаврово за потребите на ИВЗ.
Велат дека државното земјиште околу Мавровското Eзеро со површина од 2.600 м2 преку ноќ стана сопственост на Исламската верска заедница која планира да гради верски објект.
„ИВЗ, со одлука на Општина Маврово и Ростуше и со помош на Министерството за транспорт и врски, за багателна цена го доби најактрактивниот дел од крајбрежјето на Мавровско Eзеро, што ќе придонесе за негова нова еколошка катастрофа“, соопшти Левица.
„Ова се гледа од документите до кои дојдовме. Според нашите информации добиени од жители на Oпштина Маврово и Ростуше, а по извршениот увид во документите од Катастар, јасно се гледа дека ИВЗ фигурира како нов сопственик на парцели во месностите Каменци и Лесков дол, со површина од околу 2.600м2. Парцелите се наоѓаат во заштитениот појас околу Мавровското Езеро, кадешто не е дозволена никаква градба. Министерството за транспорт и врски уште во март 2021 година му наложи на старо-новиот градоначалник на Општина Маврово Ростуше да го раскине договорот со купувачот на парцела - Незир Сулејмани, иначе сопственик на фирмата „Кораб Мермери.” Се поставува прашањето - зошто на ИВЗ ѝ се потребни парцели во заштитено подрачје и што друго планира да гради во заштитените зони? Изградба на каков било објект од поголем размер, толку блиску до брегот на езерото би довело до низа штетни влијанија врз квалитетот на водата на езерото и неговата фауна. Ова е уште еден корумпиран скандал на владата на СДС и ДУИ, после поништеното Решение за уривање на вилите на хотелот „Радика”. Ова решение беше донесено минатата година, од страна на второстепена комисија на Владата за инспекциски надзор, а по поднесена жалба на инвеститорот на „Радика ресорт“, во сопственост на косовскиот државјанин Шериф Рамука“, наведуваат од Левица.
Велат дека корупцијата и деградирањето на правната држава, преку распарчување на државен имот, е главна одлика на владеењето на неспособните кадри на СДС и ДУИ.
