Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕВИ, ЦЕНТАР И ДЕСНИ - Мицкоски подаде рака и повика на здружена опозиција за уривање на власта

ЛЕВИ, ЦЕНТАР И ДЕСНИ - Мицкоски подаде рака и повика на здружена опозиција за уривање на власта

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски подава рака до сите граѓани и партии од опозицијата, но и до оние од власта кои сакаат, како што рече, да мигрираат, да се мобилизираат и да се здружат, со цел заедно да ја победат оваа власт, прво преку локалните избори, а потоа и постепено да се формира ново парламентарно мнозинство. 

Денеска ВМРО-ДПМНЕ имале заеднички состанок со коалицијата Обнова за Македонија, за која Мицкоски нагласи дека на овие избори освоиле 55 илјади гласови повеќе од СДСМ на советничките листи. Тоа, според Мицкоски, е убедлива победа и јасна порака до власта, а за нив - голема одговорност.

„Иако разликата е јасна, на овие избори има уште еден круг, а за нас уште еден чекор до промени и остварување на заедничка нова иднина. Она што го видовме во првиот круг, а тоа се поткуп, полнење на кутии, притисоци, уцени, очекуваме да го видиме во поголема мерка во вториот круг. Но воедно, ги повикувам граѓаните да излезат во што поголема бројка во вториот круг, бидејќи само со мобилизација и зголемена излезност, може да се победи Полицијата на Спасовски и обвинителството на Русковска, и сите бандити кои се собираат низ Македонија и собираат поддршка за СДСМ. Ни остана само уште еден чекор за нова иднина. Откако неуспешно велеа дека се најдобри, денес СДСМ вели дека ќе донесат прогрес, а тоа е прогрес на корупцијата, криминалот, инфлацијата, ковид жртвите и прогрес на нивниот личен имот. Тоа е назадување за нарадот“, рече Мицкоски.

Според него, изборите покажале дека има сериозно антивладино расположение и незадфоволство од власта, а опозициските гласови и нивната заедничка цел е промена на власта и нова иднина за Македонија. 

„Затоа повикувам на здружена опозиција, заеднички до целта за подобра и нова иднина. Секоја наша разлика во опозицијата е помала од нашата заедничка цел да ја собориме оваа власт, за Македонија да оди напред со сите луѓе. Здружена опозиција на леви, центар и десни, со една мисија, за рушење на оваа Влада, бандитизмот, сиромаштијата, несреќен живот и апатија. Подавам рака за обединување и здружена опозиција, а тоа го бара народот на овие избори. На чекор сме да направиме големи работи и иднината да дојде сега, обединето до целта“, рече Мицкоски.

Понудата, сдпоред првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, важи до сите опозициски партии, вклучително и до Левица, но и до оние партии кои се дел од владејачкото мнозинство а мислат да мигрираат во некое ново парламентарно мнозинство. 

На прашањето на кого ќе даде ВМРО-ДПМНЕ поддршка во вториот круг, рекол дека бил јасен уште на првата пресконференција.

„Онаму каде што има кандидати за градоначалници а кои доаѓаат природно од политичките партии кои се дел од коалицијата за Обнова за Македонија, а каде што настапуваа различно од коалицијата Обвнова за Македонија, таков е случајот во Центар Жупа, општина Карпшош и други места, тука немаме дилема дека застануваме и ги поддржуваме тие кандидати за градоначалниоци. Онаму каде што имаме кандидати за градоначалници во втор круг од коалицијата Алтернатива, Алијанса, исто така немаме дилема и застануваме комплетно позади нив, како што се кандидатите во Чаир, Дебар, Гостивар и други места. За останатите сеуште раководството на партијата нема заземено став и очекуваме денес или утре да имаме појасна позиција и ќе ја информираме јавноста. Тоа е за тие општини кои не се дел од коалицијата Обнова или Алијанса“, рече Мицкоски. 

На прашањето за барање за ново парламентарно мнозинство, тој објасни дека партијата сега е фокусирана на вториот круг.

„Очекуваме да победиме секаде каде учествуваме во втор круг, вклучително и во Градот Скопје. Мислам дека сме многу блиску и до формирање мнозинство во градот Скопје. Така што тука ни е фокусот, да победи Данела во Скопје и другите кандидати од коалицијата за Обнова, а потоа јас очекувам дека природно ќе се наметне темата за ново парламентарно мнозинство на кое работевме пред изборите и на кое очекуваме дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата како недвосмислен победник на овие избори, за што нема никаква дилема дека ВМРО-ДПМНЕ е победник заедно со коалицијата Обнова за македонија и како коалиција очекуваме да формираме ново парламентарно мнозинство, а ќе ги почнеме тие разговори веднаш по завршување на локалните избори“, рече Мицкоски. 

Нагласи дека не може и не сака да ги коментира математиките на Зоран Заев и на СДСМ, бидејќи тоа е, според него, антиматемаика. 

„Вистинска математика е дека имаме 22 наспроти девет општини и 55 илјади гласа предност и предност од над 70 советници“, рече Мицкоски.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести