Економија, финансии, бизнис

Контакт

Летово во „Меѓаши“ имало пријави за грабнување на деца

Летово во „Меѓаши“ имало пријави за грабнување на деца

Во Првата детска амбасада „Меѓаши“ летово стигнале голем број пријави за грабнување деца. 

Велат дека во годишниот извештај за 2021 се регистрирани дојавите за трговија со малолетни деца, како и грабнување и обиди за грабнување на деца што се забележаа во периодот август/септември. 

„Би сакале да истакнеме дека овој вид дојави подолго време не биле пријавувани во службата, а особено е забележливо што се јавија во кус временски период, покус од еден месец и тоа при крајот на август и на почетокот на септември кога имаме зголемено движење на работници кои се враќаат и заминуваат во странство, како и користењето на летни одмори во државата и надвор од неа. Без намера да сугерираме или прејудицираме дека миграцијата, односно големата внатрешна и надворешна раздвиженост е причина за овие појави, сепак сметаме дека е препорачливо надлежните институции внимателно да следат и разгледаат еден фактор кој може да влијае или влијае на зголемувањето на нелегалните активности. Станува збор за неколку дојави пријавени во период од десет дена. Детската амбасада Меѓаши во сите случаи итно интервенираше до надлежните институции да покренат постапка и акција за заштита на децата“, велат од „Меѓаши”.

Додаваат дека станува збор за дејствија и прекршување на повеќе детски права. Од „Меѓаши“ повикуваат полицијата да реагира и да ги испита овие случаи. Лани за 37 проценти е зголемен бројот на повици за помош на СОС детската линија во „Меѓаши“. Но, и покрај зголемениот процент на повици, мал е бројот на деца кои се охрабруваат да пријават насилство. 

Слично

Поврзани вести