„Летово ќе има колони до Куманово“ – Патниците за напорната ноќ на граничниот премин Евзони
„Ние чекаме веќе 5 часа. Нè вратија во автобусот откако чекавме пред терминалот“ – сведочат патници кои со автобуси изминатата ноќ се нашле на граничниот премин Евзони, во обид да ги поминат велигденските празници во соседна Грција.
Четирите слободни дена за велигденските празници очигледно за голем број луѓе се совршена можност за бегство од татковината и премин на границата, но со оглед на тоа што празниците се поклопија со воведувањето на системот ЕЕС на Европската Унија, кој подразбира построги контроли на границите и нови процедури за патниците, изминатата ноќ (10.04) беше напорна како за цариниците, така и за оние што тргнаа на пат.
Оние што патуваа во текот на изминатата ноќ на Фејсбук групите ги пренесуваат своите искуства од патувањето и испраќаат фотографии и видеа од толпата на граничните премини, големиот број возила и патници, кои чекаат да бидат скенирани за да можат понатаму да го продолжат патувањето.
Целиот текст на Женски магазин.