ЛЕТОТО ДОАЃА ПОБРЗО ОД ОЧЕКУВАЊАТА - еве што најавува Поповски за викендот пред нас, но за денес понесете чадор
По снегот кој викендов зафати делови од Европа и Балканскиот полуостров, веќе следниот викенд не очекува нова голема промена.
Како што најави метеопрогнозерот Славчо Поповски, викендот што доаѓа ќе ни донесе летни температура па ќе може да се шетаме дури и по кратки ракави.
Сепак, за кратки ракави ќе почекаме некој ден, бидејќи деновиве ладниот бран проследен со силни ветрови надвиснуваат над Македонија.
- Понеделник претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 km/h) - соопшти Управата за хидро-метеоролошки работи. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег и температурата ќе опадне.
До четврток ќе се задржи врнежливо и повремено нестабилно со пороен дожд, ретки грмежи и повремено засилен ветер, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Утре, според УХМР, минималната температура во земјава ќе биде во интервалот од -1 до 9 степени целзиусови, а дневната од 5 до 16 степени Целзиусови. Во Скопје минималната температура ќе изнесува 4 степени, а максималната дневна ќе достигне 15 степени.
