Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕТО И ВО СЕПТЕМВРИ: Попоски најавува невообичаени температури и во следниве две недели

ЛЕТО И ВО СЕПТЕМВРИ: Попоски најавува невообичаени температури и во следниве две недели

Лето и во септември најавуваат синоптичарите. Според последната објава на метеопрогнозерот Славчо Попоски, објавена на неговата „Метеоаларм“, и оваа година ќе имаме продолжено лето во Македонија. 

Тоа значи дека и во првата половина од месец септември ќе имаме релативно високи температури на воздухот кои ќе бидат над просекот за првата половина на септември. Според Попоски, температурите ќе се искачуваат во интервал од 27 до 35 степени, што значи дека  и понатаму ќе биде идеално за одење на плажа.

- Сепак, и покрај ова, повремено во попладневните часови атмосферата ќе се дестабилизира  и ќе се создаваат услови за развој на грмотевични облаци, кои би условувале појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Продолжено лето оваа година ќе има и во останатите предели од Балканот, што значи насекаде ќе биде натпросечно топло со високи температури на воздухот.

Оние граѓани кои планираат одмор во првата половина од септември, слободно можат да го направат тоа, поради тоа што насекаде во регионот температурите ќе бидат релативно високи и над просекот за првата половина на септември -  нагласува Попоски.

Слично

Поврзани вести