Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕТАЛ СО НАД 200 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - уапсен жител на Кавадарци, ќе следи и пријава

ЛЕТАЛ СО НАД 200 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - уапсен жител на Кавадарци, ќе следи и пријава

Кавадарчанец летал со над 200 километри на час, на автопат каде ограничувањето е 120 киломентри на час, полицијата го упаси. 
Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, мадиот возач е лишен од слобода бидејќи управувал возило со 217 км на час.

- На 01.09.2025 во 21:55 часот на автопат „Пријателство“, кај село Прдејци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Д.Д.(25) од Кавадарци. 
При контрола со радар, полициски службеници констатирале дека Д.Д. управувал патничко возило „бмв“ со бугарски национални ознаки со брзина од 217 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 120 километри на час. 
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“ - се посочува во соопштението на МВР. 

Фото: Принтскрин/МВР/Фејсбук


Слично

Поврзани вести