Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕСНО МУ Е НА ВУЧИЌ СО ВАКВА ПОДДРШКА - „Многу не има“, БРОЈНИ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ЗАМИНАА НА МИТИНГОТ НА СРПСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ

ЛЕСНО МУ Е НА ВУЧИЌ СО ВАКВА ПОДДРШКА - „Многу не има“, БРОЈНИ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ЗАМИНАА НА МИТИНГОТ НА СРПСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ

Лесно му е на српскиот претседател Александар Вучиќ кога има ваква поддршка. 
Голем број граѓани од Македонија со српско потекло се упатија на митингот што го организира српскиот пртетседател.
„Многу нè има!
Претседателот Александар Вучиќ ја има поддршка на Србите од Македонија и Македонците со српско потекло!

Во огромен број се упативме кон Белград за да ја поддржиме политиката на мир, слога и стабилност!“, се вели во фејсбук објавата на Здружението Мир, слога, стабилност.

Покрај својата идеја водилка, на својата фејсбук страница тие објавија и фотографии од бројните граѓани кои со автобуски превоз се на пат кон Белград, со цел да му ја дадат својата поддршка на српскиот претседател.

Овие граѓани, како што може да се забележи од фотографиите, се облечени во бели елеци и капчиња со логото на здружението, како и логото со стилизираните иницијали на српскиот претседател – AV.


Слично

Поврзани вести