Лентата исечена, а катната гаража не може да функционира?!
Иако скопјани добија катна гаража со 445 паркинг-места и со невообичаена фасада на улицата Свети Kирил и Методиј, а објектот свечено го пуштија во употреба премиерот Никола Груевски и градоначалникот на Скопје, Kоце Трајановски за Денот на независноста, тој сеуште неможе да функционира.
Имено, на седницата во Советот на Град Скопје денеска беше ставена на дневен ред точката со која се бара отстапување на надлежностите над катната гаража, со која се потврди дека гаражата во сопственост на инвеститорот Град Скопје, кој дополнително на стопанисување треба да ја даде на ЈП „Градски паркинг“, кој треба да стопанисува со неа и да ја стави во функција.
Покрај надлежноста врз гаражата, со оваа точка се поставуваат цените за паркирање и измена на статутарните одредби на „Градски паркинг“, што доведе до силна реакција на советниците од опозицијата кои истакнаа дека катната гаража е отворена предвреме и без документација.
Изградбата на оваа катна гаража чинеше 12 милиони евра, а има два ката под земја и седум над земја. Цената за паркирање ќе изнесува 30 денари од час, а треба да го олесни паркирањето во овој дел од градот.
Слично
