Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ленче Ристовска: СЈО нема да ги изложува сведоците на ризик

Ленче Ристовска: СЈО нема да ги изложува сведоците на ризик

По денешното одбивање на предлот измените на законот за заштитени сведоци Специјалното јавно обвинителство има ограничени можности за работа. Бидејќи нема систем преку кој СЈО целосно ќе го заштити идентитетот на сведокот, како и неговата улога во истрагата дел од процедурите нема да се покренат, посочи кратко, обвинителката Ленче Ристовска за faktor.mk.

- Ние немаме коментар на последната одлука на пратениците да не ги изгласаат предлот законите. Продолжуваме со нашата работа согласно законските прописи. Дел од процедурите нема да ги поведеме бидејќи не сакаме ниту еден сведок да го изложиме на никаков ризик, изјави Ленче Ристовскa.

Со предложените измени, СЈО ќе имаше поголеми ингеренции во доделување на статусот на заштитен сведок и можност за водење на истражната постапка, како и вклучување во програмата и по завршување на мерките доколку опасноста или заканата се присутни.

Слично

Поврзани вести