Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ленче Ристовска денеска на судење без „привилегиите“ од СЈО

Ленче Ристовска денеска на судење без „привилегиите“ од СЈО

Ленче Ристоска денеска како делегиран обвинител од Јавното обвинителство продолжи да го застапува судскиот процес во случајот на сега веќе поранешното СЈО познат како „Талир 2“. Претпладнево на рочиштето таа за прв пат се појави во судот без придружба на стручен соработник и без возило на СЈО.  За медиумите не сакаше да даде изјава.

По овластување на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој почна да  ги враќа обвинителите на СЈО во судница,  на Ристоска и го делегираше предметот  „Талир 2“.

Инаку рочиштето за предметот „Талир 2“ започна денес, а обвинети поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски.

Тие, според обвинението, овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ иако постоеле склучени договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија.


Слично

Поврзани вести