Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ленче Ристоска се збогуваше со СЈО, кое од денеска престанува да постои

Ленче Ристоска се збогуваше со СЈО, кое од денеска престанува да постои

Обвинителката Ленче Ристоска синоќа се збогуваше со Специјалното јавно обвинителкство, кое од денеска и официјално повеќе не постои со престанувањето на важноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство. На сила стапува новиот Закон за Јавното обвинителство, кој беше донесен во февруари годинава, пред распуштањето на парламентот.

,,29.06.2020 година, последниот работен ден на СЈО. Горчливо сладок ден.. Горчлив е вкусот на разделбата и сите неостварени планови, но слатки се спомените за заеднички совладаните предизвици и споделената енергија… Денес се поздравивме со колегите од стручната и од административно-техничката служба и со истражителите. На вработените во СЈО денес им е последен работен ден и овие луѓе од денес остануваат без работа! Денес мојот стручен соработник ми вика: „тажно е обвинителке, ко средна школа кога завршуваш, четири години сме заедно, што сѐ не делевме, имаше периоди почесто бев на работа од дома“.. и така беше…

За мене СЈО беше симбол за борба за идеали, за борба за правда, интегритет, подобра иднина, борба против злоупотреби на системот, на послабите, на зависните, борба против неказнивост. Начинот на кој згасна СЈО, начинот на кој никој не најде храброст изречно да каже дека се укинува институцијата, мислам дека не заслужува коментар, затоа што борбата за правда е вистинска само кога е плод на внатрешен порив за одговорност, првенствено лична, па потоа на сите кои грешеле пред законите, порив за нетолеранција на неказнивост, порив за принципелно и однесување со интегритет“-напиша Ристоска на својот профил на Фејсбук.

Таа бепе портпарол и еден од фронтмените на СЈО, кое започна да работи во 2016 со истраги за највисоките претставници на власта што индикативно ги сториле од 2008 до 2015 кои резултираа со 22 обвиненија.


Слично

Поврзани вести