Ленче Ристоска од СЈО доби нова функција
Ленче Ристоска од СЈО доби уште една дополнителна функција, откако беше озбрана за прв обвинител за врски на Единицата за судска соработка на ЕУ со Македонија (Eurojust).
Гласноговорникот на СЈО ја превземала оваа функција од 12 ноември, објави Радио слободна Европа и според соопштението, нејзиното назначување „ќе треба да даде важен придонес во засилувањето на врските меѓу ЕУ и Западниот Балкан во областа на кривичното право“.
Обвинителот за врски работи со судовите од земјите-членки на ЕУ и треба да ги олесни истрагите за сериозен прекуграничен организиран криминал на случаи како проневера, измама, шверц на дрога и шверц на мигранти.. Eurojust потпиша вакви договори со Македонија, Црна Гора и Албанија.
Слично
