Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ленче Ристоска нема да ги води предметите „Талир 1“ и „Талир 2“

Ленче Ристоска нема да ги води предметите „Талир 1“ и „Талир 2“

Новиот државен јавен обвинител Ненад Севески денеска на брифинг со новинарите најавил дека ќе ги повлече сите овластувања на обвинителите кои водат предмети што не се од нивните матични обвинителства.

Ова значи дека ќе ѝ бидат одземени предметите на обвинителката Ленче Ристоска за случаите „Талир 1“ и „Талир 2“, или практично предмети од кои е засегната власта бидејќи се однесуваат на перење пари и на незаконското финансирање на луксузната Бела палата од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Иако државниот обвинител не ја поврза одлуката со нив, тој не негираше дека индиректно тие случаи ќе бидат прераспределени, односно дека нема да ѝ ги врати на Ристоска, преставувајќи ја одлуката како техничка, а не политичка.

Савески уверуваше дека неговите одлуки немаат никаква врска со политиката. Кажа дека тој не фаворизира ниту еден обвинител. 

Слично

Поврзани вести