Ленче Ристоска: Може ќе се спасат од кривична одговорност, но не и од конфискација
Поранешната обвинителка на СЈО, Ленче Ристоска, вчера изјави дека ресурсите на јавните обвинителства не се зголемени за да го фатат текот со контроверзните измени на Казнениот законик, но и дека ќе се работи побрзо и ќе се гледа да се извлече максимум.
- Некаде ќе мора да се извршат преквалификации, да се види да се извлече максимум од ситуацијата и тука треба да се подвлече - дека некој може се спасува од кривична одговорност со измените, кои не ја изземаат од одговорност имотната корист. Конфискацијата останува во сила и најмалку што може да направиме е во судските предмети каде што имаме можност - да се бориме да се спроведе конфискацијата, рече обвинителката.
За Ристоска, која претходно беше дел од Специјалното обвинителство, измените на Кривичниот Законик, се навреда за професионалците кои придонесоа во борбата против корупцијата, а додава дека направените измени најмногу ќе влијаат во коруптивните дејствија. Тврди дека неколку предмети ќе застарат.
