Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ленче Ристоска бара извинување од ВМРО-ДПМНЕ или ќе тужи

Ленче Ристоска бара извинување од ВМРО-ДПМНЕ или ќе тужи

Обвинителката Ленче Ристоска тврди дека е под притисок и заплашување. Бара извинување од ВМРО-ДПМНЕ, во спротивно најавува тужба за партијата, чиј имот е замрзнат поради тековна постапка.

Ристоска вели дека е мета на притисок и заплашување поради двете  постапките коишто ги води, а со кои е засегната ВМРО-ДПМНЕ. По одлуката „Белата палата“ и останатите 68 недвижности во сопственост на владејачката партија да останат замрзнати, ВМРО-ДПМНЕ на веб- страницата објавија соопштение со наслов: „Ристоска – тажен симбол за неправда со државни бонуси и службена картица во служба на Заев и Груби“. 

„Ова соопштение го доживувам како притисок и заплашување од лице за кои се води кривична постапка врз јавен обвинител“, вели Ристоска во објава на социјалните мрежи. 

Соопштението е објавено на 14 месецов. Во него се вели дека „Ленче Ристоска, поранешната ’ѕвезда’ на пропаднатото СЈО, последна има право да зборува за плати, правда и морал. 

„Ако некој знае што значи „повисока плата“, тоа се токму тие што си делеа бонуси, награди и привилегии додека обвинителството им се распаѓаше под тежината на сопствените злоупотреби“, се вели во соопштението.

Ристоска бара извинување од ВМРО-ДПМНЕ во рок од седум дена од соопштението или да ги докаже своите тврдења дека нејзиното професионално делување било „инструирано од политички чинители и криминални структури, дека самата си исплатувала бонуси и награди и користела службени картички“.  Ако нема извинување, таа ќе тужи. 

Слично

Поврзани вести