Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕКУВАЊЕТО ПРОДОЛЖУВА: На младиот Лео му е потребна нашата поддршка

ЛЕКУВАЊЕТО ПРОДОЛЖУВА: На младиот Лео му е потребна нашата поддршка

Семејството и поблиската фамилија на младиот Леонид Индов, кој се повреди на одмор во Грција и кој се уште се наоѓа во болница, на лекување и се води битката за неговиот живот, замолуваат за помош. 

Тие за Нова година споделија фотографија од младиот Лео, кој лежи во болнички кревет и поскаа здравје за сите граѓани, но замолија и за помош од сите граѓани кои се во можност да го направат тоа. 

- Лео ја честита Новата 2024 година на сите негови поддржувачи, им посакува здравје, среќа и љубов. 

Лео лично се заблагодарува за секоја ваша помош и поддршка.

Почитувани, во новата година влегуваме со надеж, желба и борба за опоравување на нашиот Леонид. Тој се уште е во животно загрозувачка состојба и затоа продолжуваме со борбата за негово опоравување - пишува во објавата која деновиве ја споделува негова роднина. 

Тие апелираат граѓаните кои се во можнсот да донираат на телефонските броеви: 

Т-мобиле: 143-118

А1: 143-500

На трансакциска сметка, за уплата од Македонија: 210-7000006805-91 НЛБ Банка

или за оние кои се надвор од Македонија: https://gofund.me/2400b373


Еве ја нивната објава:


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести