Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЛЕКУВАЊЕТО НА СИТЕ ПАЦИЕНТИ ЌЕ БИДЕ ОБЕЗБЕДЕНО ОД ДРЖАВАТА“: Митева апелира да не се шират шпекулации

„ЛЕКУВАЊЕТО НА СИТЕ ПАЦИЕНТИ ЌЕ БИДЕ ОБЕЗБЕДЕНО ОД ДРЖАВАТА“: Митева апелира да не се шират шпекулации

Силната желба да се помогне е разбирлива и повеќе од оправдана и за почит. Но како Влада апелираме и замолуваме да не се шпекулира со информации дека на пациентите и на семејствата им е потребна финансиска поддршка. 

На семејствата и на пациентите не им е потребна помош, на сите пациенти лекувањето ќе им биде обезбедено од државата. За сите ќе обезбедиме се што е потребно за здравствеанта нега. Во исто време во име на Владата и во мое име сакам да им се заблагодарам на сите членови на Црвениот крст и на сите волонтери кои несебично помагаат во целиот процес. Дополнително на сите членови на семејството ќе им биде обезбедена помош за сместување и превоз во местата каде се лекуваат наши граѓани.

- Воедно, во овој момент бевме информирани од страна на Црвениот крст дека се прави формално правно усогласување и проценка преку која на сите семејствата кои се погодени од ужасната трагедија за почеток ќе им биде дадена финансиска поддршка во висина од 150.000 денари на секое семејство и истите средства ќе им бидат на располагање за покривање на тековни, дневни, најитни трошоци. 

Се разбира, ова не е само еднократна помош, екипите на Црвениот крст, СОЗР и Владата контактираат со семејствата на секои 3 часа со цел да се осигураме дека нема нови несакани состојби кои настануваат и се разбира и во идни фази континуирано во зависност од сите поединечните потреби сите средства ќе бидат насочени кон нив. Правиме се што можеме за да помогнеме и олесниме во овие тешки времиња. Уште еднаш апелирам и замолувам да бидеме солидарни без шпекулации коишто ќе наштетат на семејствата. - укажа Митева и дополни дека ќе следува и дополнителна помош за семејствата. 

Митева укажа дека досегашните контроли во вкупно 82 објекти со записник, инаку се многу повеќе за кои сѐ уште трае анализа и контролата, по Законот за угостителска дејност, тука се вклучени сите од кабаре, дискотека, надзори по угостителска дејност на цела територија.

- Од 23 со лиценца, констатирано е до сега 13 не исполнуваат минимум технички услови, при што се изготвуваат решенија до Министерство за економија за одземање на лиценцата и ќе бидат издадени решенија за забрана на вршење на дејност. Кај 5 правни субјекти коишто се регистрирани како кабаре/дискотека и коишто се со истечена лиценца, а е утврдено дека работеле изминатиов период сакам да информирам дека се издадени решенија за забрана на дејност. Кај останатите 41 кафич-клуб, кај 30 од нив се констатирани неправилности по Законот за угостителска дејност и изречени се 28 прекршочни налози и 2 затворања за пречекорување на работно време, што подразбира и платен налог - укажа Митева

Слично

Поврзани вести