Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лекувањето бесплатно: Нема партиципација за лекување од Ковид-19

Лекувањето бесплатно: Нема партиципација за лекување од Ковид-19

Граѓаните на кои ќе им биде дијагностициран Ковид-19 и кои ќе се лекуваат на која било од јавните здравствени установи ќе бидат ослободени од плаќање партиципација, одлучи Владата на последнат аседница. 

Владата ја измени и дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствено осигурување за време на вонредна состојба, со што се дава право на лекување од КОВИД-19 на државјани на соседните земји со кои Северна Македонија нема склучено договор за социјално осигурување, а се затекнале во земјава.

Инаку освен што се предвидува ослободување од партиципација на осигурениците при користење на здравствените услуги поврзани со дијагностицирање и лекување на Коронавирусот, ова ќе важи и ретроактивно односно за сите граѓани кои се лекувале од 26 февруари наваму. 

„Со предлог Уредбата се предвидува и правото на лекување од КОВИД-19 на државјаните на соседните земји со кои Република Северна Македонија нема склучено или преземено Договор за социјално осигурување, а се затекнати на територијата на Република Северна Македонија, информира владината прес-служба.

Измените и дополнувањата на оваа уредба овозможуваат и шест месеци по престанокот на вонредната состојба да се овозможи пропишување и издавање на лекови без хартиен образец на рецепт, односно можност за електронско пропишување на лекови од Листата на лекови. 


Слично

Поврзани вести