Лекарска комора: Само еден доктор има лиценца за детска кардиохирургија
Во земјата има само еден доктор со лиценца за работа за детска
кардиохирургија, велат за Фактор од Лекарската комора на Македонија.
Иако во одговорот не се наведува кој е тој доктор, тврдењето практично потврдува дека Владимир Чадиковски е единствениот кој има ваква лиценца, со што со неговото заминување во „Жан Митрев“ нема да остане доктор кој е носител на ваква дејност.
Од Лекарската комора додаваат и дека подзаконските акти (Правилниците за издавање на дозволите за вршење на здравствена дејност) се во надлежност на Министерството за здравство.
Слично
