Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лекарска комисија ќе го „чешла“ боледувањето на Трајковски

Лекарска комисија ќе го „чешла“ боледувањето на Трајковски

Четири дена нема ни трага ни глас од Александар Трајковски, советникот во општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за кого е веќе извесно дека му дава директна логистичка поддршка на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Будимпешта по објавувањето на заендичката фотографија.

Нов момент е тоа што Лекарска комисија ќе оценува дали вработениот во Варинската управа е навистина болен или го злоупотребил здравствениот систем за да замине во Будимпешта. Најверојатно ќе се проверува и евиденцијата кај неговиот матичниот лекар, кој му отворил боледување на 5- ти декември, а тој по нецела недела излегол од државата. 

Телма објави дека поради тоа сега на Трајковски му виси работното место. Од Царинската управа, каде што никој не знае дали од што боледува приврзаникот на Груевски, го чекаат мислењето од лекарската комисија иако никој во Царина не знаее дали и од што боледува Трајковски.

„ Трајковски на 5-ти декември отворил боледување, но не ги да известил службите за дијагнозата ниту,пак, колку долго ќе биде отсустен. Ќе го почекаме па ќе одлучиме дали е прекршен законот“, соопштиле од Царинска управа.


Слично

Поврзани вести