Лекарот што констатирал природна смрт кај 35-годишната жртва од Старо Нагоричане е повикан на распит
Обвинителството го повика на распит лекарот кој првично констатирал природна смрт кај 35-годишната Марија Маринковска, една од жртвите поврзани со случајот на осомничениот сериски убиец од Куманово.
Според информациите до кои дојде Телма, станува збор за лекар кој во моментот на пронаоѓањето на телото бил ангажиран како замена за друг доктор.Две жени во оваа општина се потврди со обдуција дека починале од насилна смрт. Приведеното лице од селото Малотино имало многу пријави во полиција.
Слично
