Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лекарите во шок, Фондот им пресметал капитација по старото бодување

Лекарите во шок, Фондот им пресметал капитација по старото бодување

Фондот за здравство на лекарите од примарното здравство им најавил исплата на капитацијата по стари пресметки, иако бепше одлучено од 1 јануари капитацискиот бод да се зголеми, објави Телевизија 24.

По реакцијата на лекарите, од Фондот рекле дека има грешки во софтверот и ИТ сектор ќе ги исправи недостатоците.

Од 1 јануари 2023 година се зголеми вредноста на капитацискиот бод за избраните лекари по општа медицина и гинекологија од 63 на 75 денари, а за матичните лекари стоматолози зголемувањето ќе биде од 48 на 61 денар по пациент.

Фондот рекол дека се останува како што е договорено и дека ќе се коригира пресметката за два дена

Испратени биле стари пресметки и утре ќе бидат креирани пресметки на капитацијата со новоутврдената вредност на капитациониот бонд.

Ова било само увид во капитациска пресметка. Ординациите парите ќе ги добијат во април , бидејќи исплатата на капитацијата доцни два месеци. 


Слично

Поврзани вести