Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕКАРИТЕ СОВЕТУВААТ:Заштитете се од крлежи

ЛЕКАРИТЕ СОВЕТУВААТ:Заштитете се од крлежи

Со доаѓањето на пролетта доаѓаат и повисоките временски температури. Време во кое се буди флората и фауната низ парковите, ливадите и планините. Меѓутоа со тоа се будат и инсектите. Свежата и повисоко израсната трева по ливадите е идеално живеалиште за крлежите.

Крлежите претставуваат вектори ,  односно пренесувачи на повеќе видови на болести велат лекарите. Овие инсекти доколку се закачат за нашето тело може да ни пренесат болести кои може да го загрозат нашето здравје. Најчесто болести кои ги пренесуваат крлежите се медитеранска треска или лајмска борелиоза, но и други болести.

Лекарите ги советуваат граѓаните доколку планираат во овој период, a посебно за Денот на трудот да прошетат по ливади да се заштитат од крлежи, така што ќе носат светла облека, бидејќи крлежите се темни, односно црни и доколку се закачи на вашата светла облека ќе може полесно да се види и навреме да се одстрани. Исто така, тие советуваат да се носи облека која ќе го покрива секој дел од нашето тело, да не оставаме откриено тело.

Скоро секоја пролет, па и за време на летото се случува крлеж да се закачи на некој граѓанин, доколку се случи тоа кај вас никако не пробувајте да го отстраните сами, веднаш обратете се до најблиската амбуланта и побарајте стручна помош, советуваат лекарите.

Доколку сами дома се потрудите да го отстранете крлежот, истиот може да не се отстрани во целост затоа побарајте помош кај својот матичен лекар или во најблиската болница.


Слично

Поврзани вести