Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лекарите со детали зошто дошло до инфекција на дишните патишта кај децата во Гевгелија

Лекарите со детали зошто дошло до инфекција на дишните патишта кај децата во Гевгелија

„Заспаниот имунитет” на 50 деца од Гевгелија им донесе инфекција на дишните патишта. 

Тоа е резултат на помалку контакти со бактерии поради носењето маски и честата дезинфекција. Тим од педијатри денеска беше на увид во болницата каде што изминатиот месец се запишани дури 50 случаи на инфекција кај деца од Гевгелија и околината.  Екипата од Скопје на децата им направи брзи ПЦР тестови кои сите беа негативни, изврши увид во документацијата на сите дечиња кои изминатиов месец имале потешкотии во дишењето и земале дополнителни материјали кои ќе бидат доработени на Клиниката во Скопје.

„Лично по нашите искуства сметаме дека заспаниот имун систем кај децата доведе до она што беше нормална патологија во февруари и март да го гледаме сега не само овде, туку и во други градови во земјава“, рече Софијанова.

Во гевгелиската болница сега се хопитализирани две деца, а 20 деца на возраст од две до пет години примаат терапија. 

Слично

Поврзани вести