Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лекарите излегоа на протест-бараат Закон кој ќе ги штити!

Лекарите излегоа на протест-бараат Закон кој ќе ги штити!

Доктори од јавното здравство денеска со транспаренти во раце „Закон за лекарска дејност“ и „Јас сум Љубомир Огненовиќ“ излегоа на протест во дворот на Клиничкиот центар.

Протестот има за цел искажување на револт како последица на случувањата во здравството и инцидентот со застреланиот хирург.

Докторите велат дека нивната професија се деградира и побараа веднаш да се донесе Закон со кој ќе бидат заштени.

Како што пренесуваат медиумите тие побарале бенифициран стаж,  Закон за сестринска и акушерска дејност и систем за заштита на достоинството и угледот на здравствените работници, и да се исклучи Мој Термин.

Имено, во текот наредните денови на Клиниката за дигестивна хирургија нема да се извршуваат операции и прегледи освен итните случаи.

Фото: Фокус

Слично

Поврзани вести