Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕКАРИТЕ И ДАВАЛЕ САМО ТРИ МЕСЕЦИ ЖИВОТ, но таа е тука и по 11 години - еве како храбрата Наташа се борела со канцерот

ЛЕКАРИТЕ И ДАВАЛЕ САМО ТРИ МЕСЕЦИ ЖИВОТ, но таа е тука и по 11 години - еве како храбрата Наташа се борела со канцерот

На 36 години и дијагностицирале канцер на бели дробови во четврти стадиум и лекарите ѝ предвидувале дека ѝ остануваат еден до три месеци живот. Наташа Пушова купила 200 квадрати на Матка и одлучила последните денови да ги помине во овој свој рај кој си го создала. На почеток со ќерка ѝ спиеле во шатор, за подоцна да ја изгради и куќата, ја раскажува таа својата приказна за тв 21. 

По 11 година таа е без левото белодробно крило, и без три ребра, но за среќа жива, здрава и ја споделува својата животна приказна. 

„Ноќе болките беа поагресивни. Имаше моменти кога со гробот се ударав во ѕид за од јак удар да прекине болката, така да завршив на морфиум . Д-Р Вики Толовска виде дека нешто и е сомнително и ме испрати на скен и видоа дека има некоја тумороидна маса. Ми направија две биопсии, првата беше бенигна, втората малигна. Се испитав и во Грција и дознав дека е нонхочкин линфом и остеосерком“, посочи Наташа Пушова.

Наташа започнала со хемотерапии, а лекувањето го продолжила со алтернативна медицина, која смета дека и помагнала во лекувањето и не само неа, кое траело една година.

„Кога се оперирав дојде еден мој пријател од Турција да ме посети кој дознал дека сум оперирана. Ми рече ќе ти дадам еден лек со кој мојата баба лечеше во Турција, те молам да го пиеш. Само тоа верувам дека ќе те исчисти. Му ветив дека ќе ја пијам, ја научи мајка ми да ја прави, која ми ја направи и првата доза и после операција почнав веднаш да ја пијам варовата вода“, вели Наташа Пушова.

Варта вели таа ја има насекаде, но не секоја вар е лековита. Некоја може да биде дури и канцерогена, па затоа вели таа треба да се биде многу внимателен при подготовката на лекот. Варовата вода ја пијат и здрави луѓе превентивно.

Целата приказна на ТВ 21

Слично

Поврзани вести