Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лекари специјалисти ќе ротираат низ болниците во внатрешноста каде што има недостиг

Лекари специјалисти ќе ротираат низ болниците во внатрешноста каде што има недостиг

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција ја информира јавноста дека во здравствените домови во внатрешноста на земјава каде што недостигаат специјалисти, ќе добијат со тоа што лекарите специјалисти ќе ротираат и ќе им помогнат на граѓаните во нивната најблиска болница. Досегашниот закон не дозволуваше ваква ротација.

„Со оваа измена, сметаме дека значајано се олеснува пристапот на пацинетите кон  одредена услуга, наместо тие да патуваат до регионалните болници сега овие специјалисти ќе можат по систем на ротации и по распоред којшто ќе го направи матичната установа, да интервенираат, односно да ги даваат своите здравствени услуги во помали здравствени домови“, истакна Филипче.

Со оваа измена на законот за здравствена заштита на пациентите ќе им се олесни патот до нужниот лекар.  

Филипче, потенцираше дека министерството има увид во која болница каков специјалист недостасува, но и ќе се испратело и допис до болниците, за да го информираат министерството каков лекар им недостасува, односно каков доктор е потребен за соодветно лекување на пациентите.

Исто така, првиот човек на здравство информираше дека се укинува менаџерскиот испит за директори, бидејќи не ги дал очекуваните резултати.

Слично

Поврзани вести