Лекар добил ќотек во обид да му помогне на пијан битолчанец
Лекар од Итната медицинска помош во Битола бил физички нападнат од човек во алкохолизирана состојба на кој сакал да му укаже лекарска помош.
Триесет и четиригодишниот В.С. бил паднат пред кафе бар на улицата „Васко Каранѓелевски“ по што интервенирала екипа од Итната медицинска помош. Кога му било кажано дека треба да го пренесат во Ургентниот центар за да му се укаже помош, тој станал и го нападнал докторот, удирајќи го со тупаница во десната слепоочница.
Секторот за внатрешни работи Битола презема мерки за расчистување на случајот.
Слично
