Легендите никогаш не умираат – спомени на словенецот кој последен го видел жив македонскиот алпинист Димитар Илиевски Мурато
Веќе извесен период ни привлекуваат внимание содржините објавени на блогот Никогаш сами преку кој Сава пензиско друштво а.д. Скопје успева да го задржи вниманието на своите клиенти со инспиративни теми и едукативни содржини на кои не можете да останете размнодушни.
Еден од последните објавени текстови кој посебно ни го привлече интересот е интервјуто посветено на македонскиот алпинист и прв освојувач на највисокиот врв на светот, Димитар Илиевски - Мурато. Имено, на неодамнешната конференција на Сава Осигурителната Групација, каде учество земале поголем дел од вработените во Сава пензиско друштво а.д. Скопје, во неформалниот дел од програмата, која имала за цел да ги релаксира учесниците од стручните и стратешки теми на конференцијата, со свое предавање во улога на гостин бил господинот Вики Грошељ, една од легендите на југословенскиот и словенечкиот алпинизам.
Импресионирани од неговите подвизи на Хималаите, а најмногу од неговото учество во Македонската експедиција за искачување на Еверест во 1989 година во која нашиот алпинист и прв освојувач на највисокиот врв на светот Димитар Илиевски - Мурато го загуби својот живот, размениле контакти со цел реализација на интервју, кое е споделено со јавноста на нивниот блог nikogassami.mk.
Во продолжение го споделуваме интегрално
интервјуто со господинот Грошељ и неговите импресии од искачувањата и контактот
со првиот македонски освојувач на Еверест, како еден од последните луѓе кој го
видел жив, и тоа на само неколку метри од врвот:

„Диме Илиевски во базата под Еверест во 1989 година.“ – од приватната архива на Виктор Грошељ
Господине Грошељ, вие сте еден од луѓето кои ја имале ретката можност да му честитаат лично на Димитар Илиевски - Мурато за искачувањето на Еверест, но и еден од последните луѓе, кој го видел жив, и тоа само неколку метри од врвот на Еверест, по што на Диме му се губи трагата. Можете ли да ни доловите дел од овие моменти кои за нас македонците се од огромно значење?
Спомените на тој 10 мај 1989 година сѐ уште се живи, како да се случи вчера. Од три часот наутро, Диме, Стипе, јас и двајцата шерпаси, Сонам и Аџива, заедно се боревме да стигнеме до врвот. На непалската страна на планината, недостатокот на снег значително ни го отежна искачувањето, се искачувавме по ронлива карпа. На кинеската страна на планината на висина од 8.400 метри натаму, бевме пречекани од огромни количини снег. До гради потонавме во снегот и тоа дополнително не забави. Дури во пет часот попладне стигнавме до 8.748 метри на високиот јужен врв.
Таму ми снема од дополнителниот кислород од боцата. Пријателите продолжија побрзо, додека јас како расипан автомобил полека се влечев зад нив. Со исклучителен напор успеав да го искачам Хилариевата стапка и тогаш до мене се спуштија Стипе и Диме, кои веќе се враќаа од врвот. Невешто се прегрнавме. Се радував на нивниот успех, како и на својот, бидејќи не верував дека без дополнителниот кислород ќе успеам да се искачам над Хилариевата стапка. И двајцата беа полни со грижа за мене бидејќи одлучив да продолжам, а тогаш, навистина, не сакав да се откажам по ниедна цена.
Остатокот од ова единствено интервју со господинот Вики Грошељ прочитајте го на следниот линк
ПР објава