Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕГЕНДАТА НА ПИЈАНЕЧКОТО-НАРОДНО ТВОРЕШТВО ВЕЌЕ НЕ Е СО НАС - почина Димитар Узунски

ЛЕГЕНДАТА НА ПИЈАНЕЧКОТО-НАРОДНО ТВОРЕШТВО ВЕЌЕ НЕ Е СО НАС - почина Димитар Узунски

На 83 години вчера почина  народниот уметник, фолкористот Димитар Узунски. Веста ја соопшти секретарот на здружението ,,Копачка”, Перса Стојановска која истакна дека Узунски ја загубил битката со болестите.

„Со неизмерна тага и болка соопшуваме дека нашиот драг претседател Димитар Узунски, ја загуби битката со болестите и не напушти засекогаш. Неговото заминување несомнено ќе биде само телесно, додека неговиот дух ќе остане вечно да живее во неговите дела кои ќе сведочат за неговиот живот во кој се даде себеси со несебично, крајно одговорно, со целосна посветеност во негувањето, трансмисијата и одржливоста на пијанечкиот фолклор а пред се на орото „Копачката“, рече Стојановска.

Со негова заслуга како што додаде „Копачка во 2014 година беше прогласена за национално културно наследство со особено значење од исклучителен интерес, а воедно и беше впишано во УНЕСКО, во Репрезентативната листа за нематеријални културни наследства на човештвото.

Димитар Узунски е роден на 22.09.1938 година во село Тработивиште, општина Делчево. Завршил Педагошка академија група музичко воспитување во Скопје.

Над 50 години ја раководи ФГ КОПАЧКА с. Драмче и со неа има бројни настапи во земјата и странство како пејач, организатор, инструменталист и играорец. Кога го предаваше архивскиот материјал за негова национална и светска заштита во Министерството за култура, рече: „Ви го давам срцето”, додаде Стојановска.

Слично

Поврзани вести