Економија, финансии, бизнис

Контакт

Легендарниот Драган Вучиќ почина на Инфективната клиника

Легендарниот Драган Вучиќ почина на Инфективната клиника

На Клиниката за Инфективни болести, утринава почина Драган Вучиќ, познатиот музичар и водител. Во изјава за Женски магазин негови блиски пријатели, велат дека тој бил позитивен на вирусот Ковид-19.

Вучиќ кој боледувал од дијабетес, на Инфективната клиника бил хоспитализиран  цела недела, со висока температура и со покачен шеќер. Од блиски на семејстото Вучиќ дознаваме дека позитивна на вирусот е и неговата сопруга Весна, која за сега нема никакви симптоми. 

Изминатиов викенд, исконтактиравме со неговиот син Мартин, кој потврди дека татко му е во болница, но не даде дозвола за објавување. Вучиќ е роден во 1955 година во Скопје. Автор е на многу хитови меѓу кои „Свирете ја зајди зајди“ на Олгица Христовска. Беше автор на талент-шоу проектите „Вашите 5 минути“, и „Мак ѕвезди“ и на многу квизови. 


Слично

Поврзани вести