Економија, финансии, бизнис

Контакт

Легендарниот Аки Рахимовски доживеал мозочен удар, сите концерти на „Парни Ваљак“ откажани

Легендарниот Аки Рахимовски доживеал мозочен удар, сите концерти на „Парни Ваљак“ откажани

Легендарниот пејач на познатата музичка група „Парни Ваљак“, Аки Рахимовски доживеал благ мозочен удар.

Групата на фејсбук објави дека се откажани сите концерт и гостувања сѐ до заздравувањето на Аки.

„За жал принудени сме да ги откажеме сите концерти на неопределено. Аки Рахимовски имаше полесен мозочен удар и иако се чувствува подобро, некое време треба да забави и да се фокусира на заздравувањето. Многу сериозно ја сфаќаме нашата работа и со незадоволство ќе разочараме илјадници луѓе кои се радуваа за претстојните концерти, но здравјето на Аки сега е на прво место“, пишува во објавите на социјалните мрежи. 

Рахимовски за 24сата.хр изјавил дека се чувствува добро.


Слично

Поврзани вести