Економија, финансии, бизнис

Контакт

Легализирани над 45 проценти од дивоградбите во Штип

Легализирани над 45 проценти од дивоградбите во Штип

 Над 45 проценти од дивоградбите, доградбите и надградби на објекти се легализирани во Штип,  информираат од општината.

 Во моментов во процедура се и 1.688 комплетни барања за легализација на дивоградби.

- Како што е познато, во законски утврдениот временски рок, во Штип беа пријавени 10.467 дивоградби од кои до сега позитивно се решени 4.159, додека за 4.620 предмети постапката е прекината. Тоа е затоа што граѓаните немале еден од основните три документи, кои беа барани, а најчесто станува збор за изготвени елаборати, вели Драган Ристов, портпарол на Општина Штип

Во текот на изминатите три месеци администрацијата во Општина Штип решила 506 предмети за легализација. Ристов апелира граѓаните да ги комплетираат барања, со цел службите да ја почнат постапката за легализирање на нелегално изградените објекти.

Слично

Поврзани вести