Легализирани 42 проценти од пријавените дивоградби во Гевгелија
Секторот за урбанизам на општина Гевгелија информира дека од почетокот на примената на Законот за легализација на бесправни градби до денес се издадени решенија за легализација на 1.720 објекти.
Од страна на граѓаните и правните лица биле пријавени вкупно 4.120 објекти за легализација, така што според досега издадените решенија легализирани се 42 проценти од пријавените објекти. Процентот, посочуваат од секторот, веројатно е поголем ако се има предвид дека меѓу пријавените градби има помошни и други објекти кои не подлежат на легализација.
Секторот за урбанизам ги потсетува граѓаните на општина Гевгелија кои поднеле барања за легализација а сеуште не доставиле елаборат,дека последниот рок за поднесување елаборати е месец јуни 2014-та година.По истекот на тој рок постапките за легализација на бесправните објекти ќе бидат прекинати.
