Легализирани една третина од дивоградбите во Гевгелија
Во општина Гевгелија изминатата година се легализирани 1.435 бесправни градби од вкупно 4.120 колку што биле пријавени согласно законските можности.
Од одделението за урбанизам информираат дека речиси една третина од дивоградбите биле легализирани лани, a процесот продолжува за сите комплетно документирани поднесоци.
Поради некомплетна документација во која најчесто недостасува елаборат, како и поради неплатени обврски, стопирана е постапката за легализација на стотина подносители чии што објекти ќе бидат отстранети затоа што поминале сите рокови за плаќање на обврските.
Слично
