Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕФКОВ: Желбата за шетање на Бисера Антоанета државата ја плаќала дури и кога таа не патувала

ЛЕФКОВ: Желбата за шетање на Бисера Антоанета државата ја плаќала дури и кога таа не патувала

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска има нови обвинувања на адреса на екс министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Од оваа партија прашуваат дали таа имала чувство на одговорност додека ги трошела народните пари. 

„Очигледно Бисера Антоанета сакала да стигне и отиде секаде, но времето и било непријател. Годината има 365 дена, а Антоанета сака да ја посети целата планета. Желбата за шетање на Бисера Антоанета државата ја плаќала дури и кога таа не патувала“, изјави Миле Лефков, пратеник, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Објаснува дека на 5 февруари 2022 година, екс министерката со својата службена картичка со народни пари купува 3 авионски билети за Дубаи во износ од 173.499 илјади денари. Кога требала да замине на пат, таа не заминала. 

„До последен момент не ги откажувала картите и парите пропаднале. Потоа ваквите фактури ги носела во Министерството за култура со цел да го оправда трошењето како репрезентации и патни трошоци. Нејасно е ниту што точно требала Бисера Антоанета да прави во Дубаи? И кои се последиците од не посетата? Или пак станува збор за желба за приватно шетање на државен трошок? 3.000 евра се пари со кои граѓаните живеат речиси цела година, а Антоанета ги трошела како да се пет денари. Утре продолжуваме со нови детали и нови патувања платени, а потоа не реализирани и откажани без образложение“, рече Лефков.

Претходно објавија дека таа во Лондон со народни пари купила куфери и играчки, на што поранешната министерка одговор дека куферите ги изгубиле од авиокомпанијата и таа морала да купи нови. Потоа од ВМРО-ДПМНЕ објавија дека раскошло трошела на патување во Виена. 

Слично

Поврзани вести