Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лефков: Во многу општини ќе водиме, и ќе победиме

Лефков: Во многу општини ќе водиме, и ќе победиме

Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека изборите поминаа во таква атмосфера каква што влада имаме, криминална и коруптивна, но народот вели се одлучи за нова иднина. 

Се заблагодарија на оние кои гласале, но сметаат дека и оние кои сега не гласаа, во вториот круг ќе гласаат.  Регистрирале нерегуларности, нарушувања на изборниот процес и коруптивно делување на власта.

„Па така во текот на вчерашниот и завчерашниот ден забележавме 1. Кршење на изборниот молк, 2. Заплашувања, притисоци и уцени од страна на носители на јавни функции, поедини министри, злоупотреба на државни ресурси за партиски цели. 3. Имаме отворени сомневања за поткуп во Прилеп, Велес, Битола, Делчево, Демир Капија, Неготино, Охрид, во делови на Скопје. 4. Брутален физички инцидент на напад врз новинар и медиумски работници во Прилеп, 5. Во 21 век имаме информации за бугарски воз. Информации за полнење на кутии во Сарај, за ова и поднесовме приговори. Демократијата во Македонија ја загрозува Зоран Заев, неговата лакомост по пари и фотелја, ништо повеќе од тоа“, вели тој. 

Рече дека во многу општини ќе водат и ќе победат. Засега не кажа резултати, туку рече дека за тоа ќе почекаат. 

Слично

Поврзани вести