Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лефков: Бисера Костадиновска Стојчевска платила 400 евра за луксузна вечера

Лефков: Бисера Костадиновска Стојчевска платила 400 евра за луксузна вечера

Миле Лефков, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ,денес продолжи да ги објавува службените трошоци на Бисера Костадиновска Стојчевска, тврдејќи дека додека била министерка за култура потрошила 403 евра за една вечера во ресторан во Виена.

„Антоанета вечерала во луксузниот виенски ресторан Дистрикт, а на нејзината маса се нашле школки, бизонско филе, телешко карпачо, сето тоа платено од народот“,рече членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според сметките што ги доставила до министерството, вели тој, Костадиновска Стојчевска на истото службено патување на два пати луксузно се гостела во друг ресторан во Виена.

„Бисера Антоанета не штедела ниту во ресторанот Соле, каде за еден ручек платила 249 евра, а за вечера во истиот ресторан 212 евра. Овде на менито на Антоанета била италијанска храна.

Само за овие три ресторански посети Бисера Антоанета платила 846 евра или 53.136 илјади денари“, додаде Лефков.

Лефков сумира дека тогашната министерка за четири дена минати во Виена потрошила вкупно 3.000 евра.


Слично

Поврзани вести