Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛЕДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА - температурите длабоко во минусот, под нулата и во главниот град

ЛЕДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА - температурите длабоко во минусот, под нулата и во главниот град

Ладно утро за денеска и следните денови најавуваат синоптичарите. 

Според метеопрогнозерот Славчо Попоски денеска не очекува ледено утро


Најавите се дека денеска не очекува екстремно ладно време, со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -17 до -5 степени.На планините температурите се очекува да се спуштат  и до -20 степени. 

Во Скопје денеска утринската температурата ќе се спушти до околу -10 степени.

Многу ладно ќе биде и во текот на денот со температури кои ќе останат под нулата, односно преку денот температурата ќе се искачува во интервалот од -7 до 1 степен.  

Во Скопје температурата во текот на денот ќе се искачи до околу 0 степени.

Ладното време ќе се задржи во наредните денови. Особено ладно ќе биде наутро, но сепак се очекува стабилизација на времето и повисоки дневни температури. 

Еве што сподели Управата за хидрометеоролошки работи. 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести