ЛЕДЕНА ИНФЛАЦИЈА ВЛАДЕЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Шеќерот ја качи цената на сладоледот за 20 проценти!
Во Берлин топка сладолед веќе се продаваше за три евра, а цените на топка сладолед низ Германија поскапеа за околу 20 отсто, пишува магазинот Феникс.
Во слаткарница во Келн, топка сладолед сега чини 1,70 евра, додека лани 1,50 евра. Раководителот на слаткарницата поскапувањето го објаснува: „Во споредба со лани, мора многу подлабоко да се посегне во џебот за суровини.
Шеќерот речиси двојно се зголеми, а овошјето поскапе за околу 20 отсто. Ова ја зголемува вкупната цена на производството.
„Кога правам сладолед, ми треба млеко, а млекото поскапе. Пораснаа и цените на другите производи што се користат во производството на сладолед“, изјавија за германските медиуми од Унијата на италијански производители на сладолед во Германија.
Затоа, многу слаткарници не можат да го избегнат зголемувањето на продажните цени.
Трошоците за персоналот во слаткарниците значително се зголемени поради минималната саатница
Сепак, не само што состојките поскапеа. Во слаткарница во Хамбург, топка сладолед сега чини 2,40 евра. Производителот на сладолед има 20 отсто поголеми трошоци за персонал од минималното зголемување на саатнината. На тоа треба да се додадат и повисоките трошоци за енергија.
„Слаткарите произведуваат, складираат и продаваат на струја. Зголемените цени на енергијата се важен фактор овде. Зголемените трошоци за персонал им создаваат проблеми и на слаткарите“, додава портпаролката на споменатото здружение.
И покрај високите цени, повеќето љубители на сладолед не сакаат ниту оваа година да останат без нивната топка сладолед.
