Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛДП забележа нешто симптоматично во тврдењето на Касами дека Тетово е главен албански град во Македонија

ЛДП забележа нешто симптоматично во тврдењето на Касами дека Тетово е главен албански град во Македонија

Откако тетовскиот градоначалник, Билал Касами во објава на Фејсбук денеска напиша дека Тетово е главен град на Албанците во Македонија, освен од граѓаните, осуда стигна и од Либерално - демократската партија (ЛДП). 

Велат дека во недостиг на идеи и проекти, Касами игра на картата на национализмот. ЛДП најостро ја осудува изјавата на Касами. 

„Либерално-Демократска партија упатува порака дека Македонија е мултиетничка држава и Тетово е и ќе биде мултикултурен град, а не главен град на Албанците. Како либерал-демократи секогаш приоритет ќе ни биде почитување и обезбедување еднакви права и можности за сите граѓани на Македонија. Симптоматично е што оваа објава доаѓа само неколку недели по барањето за формирање Заедница на албански општини, по теркот на она што се договара за Косово, барање кое дојде од Алтернатива, уште една опозициска партија од албанскиот политички блок“, наведуваат од партијата. 

Инаку, граѓаните жестоко реагираа на објавата на Касами. Тие ги обвинуваат и партиите на етничките Македонци дека дозволиле ваков национализам. 

Слично

Поврзани вести