Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛДП: Ристо Пенов номиниран за министер за локална самоуправа

ЛДП: Ристо Пенов номиниран за министер за локална самоуправа

ЛДП сопшти дека Централниот одбор на синоќешната седница ја разгледал оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски, а бил прифатен предлогот Ристо Пенов  да биде предложен за негов наследник од партијата.

– Централниот одбор се заблагодари на досегашниот негов ангажман, на успешното менаџирање со министерството и на придонесот за регионалниот развој на државата – велат од ЛДП.

Пенов беше поранешен градоначалник на Скопје, но подолго време не извршувал јавна функција, а во меѓувреме стана бизнисмен.


Слично

Поврзани вести