Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛДП не сака да гласа за законот за амнестија

ЛДП не сака да гласа за законот за амнестија

Пратениците на ЛДП, владиниот коалиционен партнер, нема да гласаат за предлог-законот за амнестија со кои треба да бидат опфатени околу 50-тина обвинети за упадот во Собранието на 27 април лани.

Ова беше кажано на седмото изборно собрание на Либералдемократите. Од таму велат дека е поодбра варијантата прво да има пресуда за случајот, а дури потоа да се размислува за амнестија.

- Мислам дека законодавната и извршната власт треба да останат во свои рамки и да не влијаат на судството - рече претседателот Горан Милевски.

Драфт-верзијата на законот во моментов се разгледува во пратеничките групи, а истиот на собраниска седница наместо утре, откако се одложи, би се нашол на собраниска седница во вторник.

Слично

Поврзани вести