Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛДП бара да не се уништува зеленилото во Скопје

ЛДП бара да не се уништува зеленилото во Скопје

Од ЛДП велат дека продолжува уништувањето на зелените површини во Скопје.

Според нив, ова е веќе редовна појава и тоа во услови кога загадувањето на воздухот достигнува драматично високо ниво, поради што Скопје е најзагаден главен град во Европа.

„Концентрацијата на ПМ 10 честички, како и на ПМ 2,5 честички, околу 200 дена во градот е над дозволеното ниво, а честопати и повеќе од 5 пати над дозволеното ниво. Пред два дена на планината Водно, која преставува „бели дробови“ на градот Скопје е забележано нелегално сечење на боровата шума заради пробивање на пат кон приватен имот. Притоа без никакова реакција од надлежните во општината Карпош.  Од надлежните органи во општината Карпош, од градот Скопје и од надлежните државни органи веднаш да утврдат одговорност за ова бесправно сечење на планината Водно“ - реагираат од ЛДП.

Вчера се случи уште едно безмилосно уништување со сечење на дрвата зад зградата на Владата на Република Македонија, се вели во соопштението на ЛДП.

Слично

Поврзани вести