Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лажниот црногорски принц го посети Заев

Лажниот црногорски принц го посети Заев

Стефан Чернетиќ, кој лажно се претставува како црногорски принц, според споделувањата на Фејсбук, бил во посета и кај македонскиот премиер Зоран Заев, објави Нетпрес.

57-годишниот Стефан Чернетиќ на Заев му подарил и орден, а премиерот го дочекал заедно со неговиот син и сопругата во зградата на владата на Република Македонија.

По „одликувањето“ на македонскиот премиер Зоран Заев постирал фотографии од „церемонијата“ на неговиот Фејсбук профил.


Минатата година во Италија покрај Чернетиќ беше е уапсено и лицето С.С. со италијанско државјанство, кој се претставувал како амбасадор на Македонија во Италија и двајцата организирале хуманитарни и гала настани, посредувале за остварување бизнис и културни врски и давале лажни титули и признанија.

Чернетиќ често патувал во Монте Карло каде се претставувал како принц за да најде во високо друштво, а за тоа шишуваше и британски „Дејли Мејл“.Амбасадата на Црна Гора испратила допис до Министерството за надворешни работи на Италија на 21 октомври, 2016 година во кој се вели дека  Чернетиќ лажно се претставува како принц на Црна Гора и Македонија.


Слично

Поврзани вести